Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите ,,Мовембер“ со традиционалното МО-БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.
Момци, ве покануваме во најмажествената би тка на годината!
Секција на фризери Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини.
На пиедестал ќе бидат претставени мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени бркови и бради .
„Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и бркови, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани бркови ќе им бидат доделени вредни награди.
И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe.
Официјален партнер на настанот е Jack Daniel’s – омилениот пиј алак на мажите кои знаат што е добро вис ки.