„Ја пополнив пријавата за работа за “P. F. Chang“, ресторан на аеродромот во Атланта затоа што сметам дека тоа е едно од најдобрите места“ – изјавил Мареј.
Славниот Бил Мареј (69) решил малку да побегне од актерството и баерм на кратко да ја промени својата професија. Во текот на гостувањето во “3 Girls 1 Keith“ кај комичарката Ејми Шумер, легендарниот актер раскажал дека се пријавил за работа во азискиот ресторан “P. F. Chang“.
„Ја пополнив пријавата за работа во “P. F. Chang“ ресторанот на аеродромот во Атланта затоа што сметам дека тоа е едно од најдобрите места“ – изјавил Мареј.
„Што би работел таму? Било што?“ – била заинтересирана комичарката Ејми Шумер.
„Да, мислам дека работниците таму одлично се забавуваат“ – изјавил Мареј.
По ова, се огласиле и од ресторанот кои одговориле на барањето на Бил за работа.
„Бил, ја доби работата. Кога можеш да почнеш?“ – го прашале актерот од ресторанот.