Билетите за Златна Бубамара ќе бидат пуштени во продажба во четврток во 12 часот

|

Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која одбележавме сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.

Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе раскаже измината година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

Во ова време на енергетска, инфалциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение.

Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика .

БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk и во Розе Веро 2.

Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.