“Билјана се измори да се бори а никој не и пружи рака”

ИЗВОРСкопје24
|

Последен поздрав од пријателка на Билјана Беличанец од нејзината генерација отвара низа прашања не само за заминувањето и тагата туку и за човечноста, среќата, осаменоста, солидарноста, силата и животот.

“Позната причината за заминувањето на познатата актерка” – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на исклучоците).

Познат е начинот на кој завршил животот на оваа преубава жена, која се обидуваше да се носи, во секој поглед, во суровиот и бескрупулозен свет на сопки, одмазди и непријателства.

Причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта.

И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби.

Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна.

Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања.

Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа.

Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо”, пишува Анита. А во својот последен поздрав до Беличанец.

"Позната причината за смртта на познатата актерка" – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на…

Gepostet von Анита Ангеловска am Sonntag, 7. April 2019