Билка која е дар од Бога: Од хектар земја може да заработите до 12.000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Таа е одлична храна поради ниската содржина на калории и големата содржина на витамини и минерали. Аронијата ја чисти крвта, го смалува холестеролот и крвниот притисок,делува противвоспалително. Многубројни епидемиолошки студии укажуваат на силната поврзаност меѓу конзумирањето аронија и намалувањето на ризикот од заболување на срцеви и други дгенеративни болести, односно намалување на развојот на истите.

Садниците аронија достигнуваат полн род во осмата година, даваат 10 килограми по грмушка, а моменталната цена е едно евро за килограм. Според некои проценки може да донесе приход и до 12.000 евра. Не е комплицирана за одржување, а некоја грмушка во одредени услови може да даде и до 17 килограми плод.

Оваа билка е вистинско чудо од Бога, па треба да се искористи максимално, а ако се укаже можност и сам да ја садите и заработувате од неа, зошто да не.

Аронијата потекнува од Северна Америка и може да се најде на влажни и мочурливи места. Таа има специфичен, кисел вкус кој ја собира устата. Аронијата се јаде како додаток во исхрана или пак може да замени и цел оброк.

Аронија се всушност ситни, мали, темно сини бобинки, кои растат во гроздови и потсетуваат на боровница. Растат во облик на грмушка со висина до два метри. Од билката се јадат бобинките, кои можат да останат свежи на дрвото и до два месеци по созревањето. Времето на созревање е кон крајот на август и и сетпември. Постојат три вида на аронија, црна аронија (Aronia melanocarpa), темноцрвена (Aronia arbutifolia), и виолетова (Aronia prunitolia), и прираѓаат на семејтвото на рози Rosacea. Нема ниту еден природен непријатен и не се прска, па со право се нарекува еколошки одледано растение.

Аронијата е вистинска ризница на боилошки активни споеви. Од витамини ги содржи сите битни нутриенти – Ц, А, Е, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, а од минерали богата е со цинк, железо, калиум, калциум, манган, фосфор и јод.