Вистинска реткост во Скопје се деновите кога во зимскиот период може да се дише чист воздух. Конкретни чекори кои веднаш ќе дадат ефект врз загадувањето нема иако таква мерка може да биде поголемата употреба на биодизелот.
Но, ова прашање со години не е уредено со закон. Институциите молчат на прашањето која е причината зошто не се носи закон или барем правилници за задолжително замешување на дизел горивата со чист биодизел, регулатива која се најавува секоја година почнувајки од 2007 годи. Прецизен одговор нема како да се зголеми искористеноста на биогоривата и дали од пазарот конечно ќе се исклучи екстралесното масло кое иако е со закон забрането се користи како гориво за транспорт бидејки е поевтино, а значително влијае на загадувањето.
Екстралесното гориво има 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е забрането за употреба во земјите од регионот вклучително и во Косово, дури и за греење. Нејасно е зошто институциите не постапуваат кон укинување на т.н црвена нафта ниту пак се изедначува цената со дизелот што е светска пракса.
„Со екстралесното треба од државните резерви да се снабдуваат училиштата и градинките по таа цена за да не страдаат. Денеска ретко кој се грее на нафта, таму да, има злоупотреби, и треба со тек на време да се укине, но без да се нанесат дополнителни штети. Има злоупотреби, но верувајте тешко се откриваат. За биодизелот и замешувањето има стандарди, но треба да се види како да се регулира цената за што е оставен простор во новиот закон. За загадувањето треба радикални мерки, но не можете на луѓето да им забраните без да нудите алтернатива“, кажа Кочо Анѓушев – вицепремиер на РМ.
Европската директива за примена на алтернативни горива ДАФИ јасно пропишува да се зголеми опфатот на употреба на биодизелот, и другите алтернативни горива. Таа е задолжителна за земјите членки на ЕУ, но дали Македонија ќе пристапи кон нејзина примени како земја која сака да стане дел од големото европско семејство.
Новиот Законот за енергетика не ја регулира употребата на биодизелот. Наместо тоа, се упатува на стариот закон за енергетика во кој одредбите се многу оскудни и се применуваат се дури не се донесе закон за биогорива кој е во фаза на подготовка веќе 11 години, а надлежноста е во Министерството за економија.
Биодизелот е гориво кое не само што значително придонесува во заштита на животната средина туку директно влијае на земјоделието бидејќи ресурсите за негово добивање потекнуваат од оваа гранка.
Ако може да има некаква добра вест кога се говори за загадувањето на воздухот , за таква може да се смета најавата од ЈСП дека ќе набави автобуси на компримиран природен гас-метан кој се смета за лидер меѓу еколошките горива бидејки загадува 90 пати помалку од другите горива.
Виолета З Стојановска