Бислимовски: Од полноќ ќе поевтинат горивата

|

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.

„Денеска дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки“,

Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите.

Зголемувањето за сметка од 3 000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.