Бислимоски: Евтината дневна тарифа носеше заштеда од 5 проценти на сметка

|

Цената на струјата како што објави регулаторна, официјално се зголеми за 9,48 проценти, но зголемувањето, реално е поголемо, затоа што се укинува дневна евтина тарифа. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски рече дека било неопходно таа да се укине.

– Ако не се укинеше евтината дневна тарифа зголемувањето на цената на струјата ќе беше 14,23 проценти. Без евтината дневна тарифа, во просек, месечните сметки ќе се зголемат за 5 проценти. Но, тоа беше неопходно, затоа што за увоз на струја кога е дневната евтина тарифа се даваа големи пари – рече Бислимоски.

Тој рече дека ова е најтешката одлука што некогаш ја донела Регулкатрната комисија за енергетиката, дека компаниите кои учествуваат во формирањето на цената на струјата барале нејзино зголемување од 38 проценти, а дека Регулаторната комисија утврдила реална потреба од 25 проценти, но дека со тоа што сега не влегоа во цената обновливите извори на енергија, со намалување на профитите на МЕПСО и Електродистрибуција за 90 проценти и со други мерки, стигнале до износот од 9,48 проценти.