Битолчанец преку видео се заканувал на Фејсбук, па со нож излегол на улица

ИЗВОРНов Лист
|

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(39) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 07.09.2022 околу 18:00 часот, пријавениот на свој профил на социјална мрежа, објавил видео запис со заканувачка содржина кон Н.Ѓ.(57) од Битола и кон други лица, а околу 16:00 часот било пријавено дека во Битола, на ул. „Васко Карангелески“, пријавениот носел нож и претставувал опас ност за граѓаните, по што бил приведен од полициски службеници.