Бившиот менаџер на Ана Николиќ откри зошто лицето и е унаказено

|

Поранешниот менаџер на пејачката Ана Николиќ, Саша Мирковиќ веќе неколку дена е во јавноста поради конфликтот со пејачката. Николиќ во неколку наврати се закануваше дека ќе поднесе тужба поради одредени обвинувања, а видеото од нејзиното изобличено лице ги згрози сите, поради што Саша Мирковиќ беше ставен на столбот на срамот.

Откако Ана го нарече сопственикот на „Хајп продукција“ нечовек, тој ја претстави својата страна на приказната и истакна дека конфликтот со пејачката е поради нејзините пороци., пренесува ало.рс

– Нечовек сум затоа што ја замолив да престане да пие алкохол и дрога. Не сум човек затоа што ја замолив да оди на лекување. Не сум човек затоа што ја поддржував шест месеци. Не сум човек затоа што ја замолив сериозно да се занимава со концертите и да доаѓа на време. Не сум човек затоа што и резервирав белградска „Арена“ – изјави Мирковиќ за 24седам и додаде:

-Синтетичка дрога „кристал“, која се става во пијалоци. А таа цел ден носи шише вотка обоена со малку сок и „кристал“ стопен внатре. Па, барем знам зошто не сум човек – вели Саша за споменатиот медиум.