Бог секојдневно влијае врз нас, а ние не сме свесни за тоа – Ова ќе ни ги отвори очите

ИЗВОРНов Лист
|

Во животот често ни се случуваат работи кои не ги разбираме, а кои имаат смисла. Дозволете оваа приказна да фрли нов поглед на работите кои ви се случуваат во животот.

ЈАС: Боже, може ли нешто да те прашам? БОГ: Нормално. ЈАС: Ветуваш дека нема да ми се налутиш? БОГ: Ветувам.

ЈАС: Зошто дозволи толку работи да ми се случат на мене? БОГ: Како тоа мислиш? ЈАС: Па утрово се успав. БОГ: Да. ЈАС: Ми требаше цела вечност за да ми запали автомобилот. БОГ: Да, видов… ЈАС: За ручек добив сендвич кој не го нарачав – и морав да чекам. БОГ: И… ЈАС: За пат накај дома, ми се испразни батеријата токму кога имав важен повик. БОГ: Да, знам… ЈАС: Како и тоа да не беше доволно, доаѓам дома и сакам да се опуштам со масажерот, а тој не работеше. Денеска не оди како што треба! Зошто дозволи тоа да ми се случи?

БОГ: Ако заврши дозволи ми да ти објаснам. Гледаш, утрово до твојот кревет стоеше ангелот на см* тта, а јас испратив еден од моите ангели да се бори за твојот живот. А за тоа време јас те пуштив да спиеш. ЈАС: Навистина!

БОГ: Не дозволив твојот автомобил веднаш да запали, бидејќи токму во тој момент се наоѓаше пијан возач кој ќе те удреше ако му застанеше на патот. ЈАС: Ах…

БОГ: Личноста која ти го подготвуваше сендвичот за ручек беше болна и не сакав да ја добиеш и ти таа болест. Знаев дека не смееш да отсуствуваш од работа. ЈАС: О…

БОГ: Твојот телефон престана да работи токму кога личноста со која разговараше сакаше да те излаже и изневери во врска со некои работи, поради што можеше да ја изгубиш работата. ЈАС: Разбирам Боже.

БОГ: И да, оној твој нов масажер, кој го купи, имаше фабричка грешка. Ќе работеше некое време и после ке се запалеше, а и ти со него. ЈАС: Боже, извини што така те на паднав.

БОГ: Не тагувај, само научи да ми веруваш… за сѐ… и во добро и во зло. ЈАС: Да, ќе ти верувам! БОГ: И не се сомневај бидејќи мојот план за секој твој ден е секогаш подобар од твојот. ЈАС: Не се сомневам и те молам дозволи ми да ти се заблагодарам за сето она што ми се случи денес.

БОГ: Дете мое, моите очи секогаш ќе бидат вперени кон тебе, драгоцен си ми и сакам да се погрижам за тебе. Како денес, утре и засекогаш…