Нивниот однос минува низ различни фази: од игнорирање и ривалство во детството до најсилна поддршка и потпора во позрелите години.
Во детството најчесто се сложуваат како „куче и маче“, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Поинаква од сите останати. Братот и сестрата се сакаат на најпосебен начин, дури и кога гласно се расправаат. Тие кои ја немаат привлегијата, можат да им завидуваат. Овој однос често има пресудно значење и за сите други односи кои тие ќе ги имаат во животот.
Љубота меѓу братот и сестрата е специфична и минува низ повеќе фази. Во детството доминира нетрпеливоста придружена со неразбирања и љубомора, затоа што децата се борат за вниманието на родителите. Девојките често се понежни, па затоа возрасните често се поблаги кон нив и ги фаворизираат затоа што се понежни, а на момчињата тоа им оди на нерви. Во оваа доба, тие најчесто се груби, знаат да ги сопнат, да ги удрат, им викаат дека се „доадни“, а девојчињата тоа го доживуваат многу стресно. Ги боли тоа што братчето не сака да си игра со нив, па често и плачат. Но, ни тие не се толку невини во ситуацијава. Понекогаш уживаат кога ги издаваат своите браќа на своите родители или сакаат да ги шпионираат своите браќа.
Психолозите велат дека тоа често се случува и во пубертетот, кога браќата и натаму се незаинтересирани за дружење со сестрите и таа далечина е уште позабележлива. Но, девојчињата сега се посилни, па им го возвраќаат ударот. Сега и тие ги игнорираат своите браќа, не се трудат да се борат за нивното внимание, дури и намерно се однесуваат во спротивност со однесувањето на враќата. Тој процес се случува како последицата на желбата да бидат поинакви. На тој начин всушност се носат со меѓусебното ривалство. Тоа и го објаснува фактот што во семејството обично едното дете е мирно и послушно, а другото е бунтовно и настроено да се расправа.
Меѓутоа, тука се виновни и родителите, затоа што уште од мали се обидуваат да ги раздвојат, настојувајќи да ги задоволат културолошките и родови барања. Ќерките ги третираат како принцези, а синовите како јунаци, па затоа и тие се гледаат едни со други од сосема спротиставени позиции.
Целиот текст прочитатјте го на МАРКУКУЛЕ.