Богдан мораше да се огласи по гласините дека има нова девојка: Срејовиќ откри каков однос има со убавицата! (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Богдан Срејовиќ на својот Инстаграм профил објави по повод пишувањето во медиумите дека си нашол нова девојка додека неговата сакана партнерка Цеца Ражнатовиќ била на Малдиви.

Откако пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ замина на одмор на Малдиви, медиумите шпекулираа за Богдан Срејовиќ, нејзиниот емотивен партнер, кој беше уловен во јавноста со уште една мистериозна девојка. Цеца не се огласи за тоа, бидејќи Богдан најверојатно и поднел извештај за се што се случувало додека била отсутна.

Сепак, од друга страна, тој реши да зборува за мистериозна девојка која беше фатена во јавност со него. Срејовиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија со својата девојка и објасни дека станува збор за неговата долгогодишна пријателка Јелена, која ја гледа како член на семејството.

– Јелка ми е брат и еден од моите најдобри пријатели повеќе од 15 години – напиша Срејовиќ на својот Инстаграм профил.