Богдан Срејовиќ и Цеца Ражнатовиќ раскинаа по едногодишна врска. По раскинувањето, Богдан се иселил од вилата на Дедиње каде што живееле со Цеца во последните неколку месеци. Како што пишува информер.рс, Боган сега живее под кирија во изнајмен стан во Нов Белград.
– Кога раскинаа, Богдан си ги собра работите и се исели од вилата. Изнајми стан кај Арена, во близина на ресторанот во кој работи, вели добро известен извор.
Тој додава дека пејачката криела дека започнала заеднички живот со својот партнер.
– Цеца и Богдан со месеци живееја во нејзината вила. Се договорија за тоа да не зборуваат јавно, па така само нивните блиски пријатели знаеја дека живеат под ист покрив.
Срејовиќ и Ражнатовиќ се разделиле како добри пријатели и останале во добри односи.