Мораме да си поставиме сериозни прашања од безбедносен аспект – дали Илија Громовник е еден човек или група луѓе кои организирано дејствуваат за да го користат јавното мислење само за дестабилизација на политичките процеси и клима во државава, изјави Павле Богоевски во емисија на 1ТВ.
-Треба да си го поставиме прашањето дали се уште се преземаат мерки за следење на комуникација на актуелни функционери, дали некој друг можеби располага со снимките коишто беа објавувани преку бом**те и како ги користат тие материјали? Дали е тој материјал нов, прашува Богоевски и додава дека опасно би било ако некој користи прислушкувани материјали за уцена, а тие не содржат кривични дела – кажа Богоевски.
Според него, ако постои јавен интерес, снимките треба да бидат објавени, но евентуалниот објавувач прво треба да се обрати во институциите. Сепак, се сомнева во таксистот, а не дека службите следат комуникации.
-Кога беа објавувани бом**те, беше бидејќи институциите молчеа на очигледните злоупотреби и индиции за сторени кривични дела. Овде имаме директно објавување во јавноста и ставање на тапет и пред јавен линч, вели Богоевски.
Тој смета дека објавувањето на снимката, без разлика дали е навистина од Будимпешта, е порака пред седницата за одземање на мандатот на побегнатиот премиер Никола Груевски.
-Го примив како порака и тоа беше голем дел од причината зошто одлучив да чекам до самата седница за да ја соопштам одлуката за повлекувањето на тој начин. Сакав да им го превртам наративот на глава и мислам дека успеав, изјави Богоевски.