Богоевски за „Парадата на гордоста”: Љубовта сепак победи

ИЗВОРСкопје24
|

Павле Богоевски кој денеска е дел од парадата на Гордоста, се огласи на социјалните мрежи и напиша дека љубовта победила.

– Покрај сите пречки и омраза, љубовта сепак победи! Среќен Прајд, друштво. Да ни се множат, напиша Богоевски.

На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата треба да заврши во Градскиот парк.