Крупни зелени очи и долга руса коса, вита става на која никој не може да остане рамнодушен и долги нозе, како заштитен знак. Ако на сето ова му ги придодате убавите природни гради и извајаниот заоблен задник, добивате убавица како од насловниците на светските модни часописи!
Всушност и не сте така далеку, зашто македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова е новата Македонка од соништата! Оваа тинејџерка, колку до вчера средношколка, ги има сите предиспозиции и телесни адути за свeтска слава на модните писти.
Доволно е само мало катапултирање и Бојана да и го украде шоуто, да и ја засени славата на досега најпознатата македонска манекенка надвор од Македонија, Катарина Ивановска, која наскоро треба да стане по втор пат мајка.
Долгоногата Бојана е член на модната агенција „ Podium Model agency“, која ја води некогаш познатата македонска манекенка од руско потекло Ирина.
Кога нема настапи Бојана има проби за со другите манекенки за да го утврдат знаењето како да одат по модната писта, со која брзина, каде да се застане и слично, во зависност од подготвената кореографија.
„Кога доаѓа моментот за ревијата, се редиме сите на место, си ја вршиме својата работа и потоа сме слободни. Обично една ревија опфаќа цел ден“, опишува Бојана во едно свое интервју за порталот Кафепауза.мк.