Бојлерот е апарат што троши многу струја: Научете ги овие трикови и повеќе нема да се плашите од сметката

|

Постојат уреди кои може да ви помогнат да заштедите, а чија потрошувачка на енергија е многу занемарлива.

Многумина сакаат да штедат кога станува збор за потрошувачката на електрична енергија, но повеќето луѓе прават грешки за кои не се ни свесни. Електричарите откриваат кои уреди се најголеми потрошувачи на струја, како да се заштеди и колку климата влијае на висината на сметката.

Најголеми потрошувачи се уредите што се користат за греење.

„Најголеми потрошувачи на струја во домаќинството се грејните тела, односно домаќинствата кои се греат на струја. Значи, тоа се ТА печки, па дури во втор план е бојлерот. Тоа е доста голем потрошувач, но не мора да биде, но зависи од тоа колку е топло. Некои имаат навика да се тушираат двапати дневно и да останат долго во бањата, па бојлерот троши многу. Не троши болјерот многу струјха, бидејќи тој си има своја изолација, туку потрошувачката се случува со постојаното вклучување и исклучување“, вели електричарот Томислав Микиќ.

„Јас лично никогаш не го исклучувам бојлерот. Нема заштеда ако го исклучувате. Јас сум поддржувач на тоа болјерот секогаш да биде вклучен, освен ако не е бојлер во викендица каде смао повремено престојувате“, открива тој.

Многумина мислат дека моменталниот бојлер троши повеќе струја, а Томислав Мичиќ открива што е вистина.

„Проточниот бојлер не троши повеќе. Многу е помоќен, може да биде 9-10 пати поголем потрошувач од обичен бојлер, но троши само додека тече топлата вода. Штом се затвори водата, готово. Ако се туширате 5 минути, тој влече струја 5 минути и потоа застанува“, вели електричарот.

Дали староста на уредот влијае на потрошувачката?

„Не влијае, освен ако не прегори греачот. Да речеме со ТА печка, која има три греачи, и едниот изгори, па помалку троши, но и помалку грее. Колку и да е стар уредот, троши исто количество струја“, вели тој.

Електричарот зборуваше и за сијалиците.

„Повеќето луѓе ги заменија сијалиците со LED светилки кои се 8 пати поекономични. Тие трошат помалку од класичните светилки. Најмногу се заштедува на греење. Треба да обезбедиме пријатна температура, која е температурата на која најчесто гледаме телевизија. Најпријатната температура е 24 степени Целзиусови. Ако не можеме да ја обезбедиме поради немање струја, тогаш има помошни уреди кои може да помогнат“, вели тој.

Според него, ќе заштедите ако купите одредени уреди кои доволно ќе ве загреат, а чија потрошувачка е занемарлива.

„Тоа е, да речеме, електричен греач за стапала. Тоа е како еден чевел за две стапала. Таа троши електрична енергија како една сијалица, така што е сосема занемарливо. Кога ќе ги загреете нозете, можете да гледате телевизија и нема да ви биде ладно на 20 степени. За престој на место каде што е ладно, околу 15 степени, има електричен елек. Се напојува на батерии и можете да го купите онлајн. Обезбедува доволно топлина“, вели тој.

Најдобра температура на клима уредот

„Забележав дека луѓето имаат навика, кога е климата во прашање, во лето да ја вртат на 17 степени, на најниска можна температура, а во зима на 30. Всушност и во лето, и во зима треба да се постави на 24 степени. Во тој случај, климата не троши многу струја. Многу е добро за греење во зима, економично е“, посочува електричарот.