Боки 13 емотивно за Марина Туцаковиќ: Се каам што во 2010 година не те послушав дека еден човек ќе ме искористи

|

Бојан Јовановски, алијас Боки 13, е во затвор, но преку официјален администратор на неговиот профил на инстаграм и се обрати на Марина Туцаковиќ, српски текстописец со која тој беше многу близок.

Се навршуваат шест месеци од нејзиното заминување од овој свет, па Јовановски и се обрати објаснувајќи дека покрај неговата мајка, таа била единствената жена која го сакала безрезервно, онаков каков што е, а не онаков каков што сакале да биде.

„Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата см* т и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како што ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики (така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети… Жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кој ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница… Но времето не се враќа назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно, па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, “Биче све добро и биче што че бити”, се додава во објавата.