Боки 13 ослабна преку 40 килограми и сега изгледа како друг човек – неверојатна промена

ИЗВОРСкопје24
|

Боки 13 потполно се промени. Познатиот шоумен и сопственик на телевизија 1 ТВ реши потполно да го промени своето тело и тоа до непрепознатливост.

Во прашање е позитивна промена – имено, тој веќе некое време го нема проблемот со вишокот килограми, така што сега изгледа далеку послабо и подобро отколку во годините кога активно беше дел од естрадата.

Поранешниот учесник на Големиот брат и еден од најпознатите македонски шоумени редовно објавува свои селфи фотографии на социјалните мрежи, од кои можеме да ја видиме неговата драстична промена, но и голем број необични модни комбинации составени од најскапи брендирани парчиња за кои многумина можат само да му завидуваат.

Па погледнете како изгледа денес, но и како изгледаше порано, кога активно се занимаваше со пеење.