Болна вистина се крие позади популарната песна на Мерлин – Овој хит промени се

ИЗВОРНов Лист
|

Многу од песните на Динo Мерлин кријат тајни и се базирани на вистински настани.

Бидејќи Дино е и текстописец, неговите песни најчесто се базирани на детали од неговиот живот или посветени на одредени, драги луѓе и настани.

Песната на Мерлин “Kokuzna vremena” од 1985 година, која е насловна на неговиот прв албум, е хит кој трае со години, а крие интересна тајна.

Откако се оженил со својата сопруга Амел, Мерлин морал да се грижи за своето семејство и да заработува пари, а тој бил обичен млад човек од скромно, работничко семејство.

Во една прилика сопругата го прашала дали донел нешто за јадење, а тој и мавнал со хартија во рака и рекол дека напишал песна, изјави еднаш Дино за медиумите.

– Дали си луд? Хартијата не се јаде – му рекла во таа прилика неговата сопруга.

На хартија беше песната “Kokuzna vremena”, која заврши на неговиот прв албум и беше пресвртница во неговиот живот.

Многу луѓе сè уште се прашуваат што всушност значи зборот „кокузна“, а овој збор значи токму на што се базира песната – тешки времиња, сиромаштија,  лоша финансиска состојба“.

Овој хит неодамна го отпеа пејачката Едита Арадиновиќ, која сака да каже дека Дино Мерлин и е пример кога се во прашање нејзината кариера и музика.