Пејачот на U2, Пол Дејвид Хјусон, попознат како Боно Вокс, откри дека има полубрат за чие постоење не ни знаел со децении.
„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, а кога не знаев дека го имам“, изјави тој во емисија на радио Би-Би-Си.
Пејачот откри дека за својот полубрат дознал во 2000 година, додавајќи дека тоа е контроверзен случај.
Имено, неговата мајка Ајрис, не ни знаела дека нејзиниот сопруг и татко на Бон имаат дете со друга жена.
“Татко ми имаше длабоко пријателство со оваа прекрасна жена, која е дел од нашето семејство, а потоа добија дете. И сето тоа беше тајна”, додал Боно.
“Го прашав дали ја сака мајка ми, а тој рече дека сака. Прашав како тоа може да се случи. Не се извини, само изврте – тоа се фактите. Татко ми очигледно минуваше низ многу, но главата му беше на друго место“, нагласи Боно.