Борис Новковиќ и 25 години помладата сопруга Ирис добија ќерка на која ѝ дадоа необично име

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачот Борис Новковиќ и неговата сопруга Ирис станаа родители на мало девојче на кое му дадоа име Си, според „Вечерњи лист”.

Ирис се породи во болница во Загреб и сè помина во најдобар ред.

„Покрај раѓањето на моите синови, за мене ова е најважниот настан во животот. Дозволете ми да бидам малку патетичен во овој емотивен момент и да ѝ се заблагодарам на мојата Ирис што на свет ни донесе прекрасно девојче”, рече Борис за „Вечерњи“ откако ја дозна среќната вест.

Веста дека Борис чека дете со својата избраничка Ирис Волф ја изненади хрватската јавност кон крајот на минатата година, но не и среќната двојка, која е во врска околу една година. Тие се венчаа непоредно пред породувањето.

Пејачот има три брака зад себе, со Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Луција Матиќ и Инес Катиќ и е татко на двајца синови, Ное и Боно.

И ќерката на познатата пејачката Зорица Брунцлиќ се породи вчера. Злата и нејзиниот избраник Милош станаа родители.

Ќерката на пејачката роди девојче,а како што одлучил парот, ќе го носи името Милица. Среќната мајка се породила во Белград, а неодамна на својот Инстаграм профил напиша:

„Велат дека чувството на движење во стомакот значи желба на бебето да ве прегрне. Никој не не гушка како тебе, а наскоро и ние нема тебе да те испуштаме од прегратка“, порача ќерката на Зорица пред породувањето.