Борис Новковиќ стана татко, бебето доби име од само две букви

ИЗВОРСкопје24
|

Педесет и едногодишниот хрватски пејач Борис Новковиќ и неговата четврта по ред сопруга, студентката по моден дизајн Ирис Волф (26), станаа родители.

Среќниот пар доби девојче, за кое го избраа името Си.

Ова е трето дете за Борис Новковиќ. Со поранешната сопруга Луција со која по 13 години брак се разведе во 2011 година има два сина, Ноа и Бона.

Новковиќ пет години беше во брак и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ, а зад себе има и тримесечен брак со 19 години помладата Инес Катиќ.

-После раѓањето на моите синови ова е најзначајниот настан во мојот живот. И благодарам на Ирис што ми подари ќерка. Нашата ќерка Си по мое верување негде од златни височини избра токму ние да и бидеме родители и тивко слета во нашиот дом, изјави Борис Новковиќ за „Стори.хр“.

Борис и Ирис во врска се веќе година дена, а поради разликата во годините јавноста не им предвидуваше светла иднина. Меѓутоа ова е уште еден доказ дека љубовта не знае за години. Новковиќ и Ирис за почетокот на врската сегаде во јавноста се појавуваа заедно, а врската ја потврди и самата Ирис.

-Тоа беше љубов на прв поглед, напиша таа. Борис во една прилика изјави дека таа е љубовта на неговиот живот и дека одлично се согласуваат.

Инаку, Борис Новковиќ во Хрватска го нарекуваат „кралот на пропаднати бракови“ затоа што во 30 години во брак бил дури три пати, а од вториот има и две деца.