Борко Ристовски и сопругата Нина на уникатен начин го открија полот на бебето кое го очекуваат

|

Уште пред неколку месеци се прошири веста дека ракометниот голман Борко Ристовски ќе стане татко по вторпат, односно неговата прекрасна сопруга Николина објави дека повторно е бремена.

Таа деновиве го прослави својот 30-ти роденден, а тоа беше и одлична прилика за на забавата да биде откриен и полот на бебето кое го носи во стомакот.

За разлика од повеќето парови кои преку балони во сина или розова боја откриваат какво бебе очекувааѕ, Борко и Нина се одлучија за нешто уникатно и поинтересно.

Имено, тие ангажираа две маскоти облечени како машко и женско бебе кои играа на песна, а онаа на крајот она бебе кое што дојде кај нив и ги гушна сепак беше она со розова панделка – односно женското бебе.

Поради тоа што во претходните објави Нина пишуваше дека доаѓа уште едно лавче, се претпотавуваше дека ќе добијат уште едно машко, па Душан ќе биде постаро братче, но сепак се испостави дека Душан ќе има помала сестричка за која ќе треба да се грижи и да ја чува.

Честитките се редат од сите страни, а за мама и тато доаѓа нова среќа и нова радост во растењето на женско дете.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.