„Божеее колку изгубено изгледам“ – Милена Антовска покажа како изгледала на нејзиното прво застанување пред камера

|

Милена Антовска важи за едно од најпознатите телевизиски лици кај нас. Таа овој период го користи максимално да и се посвети на својата втора ќерка Јоана, која ја доби со сопругот Гордан.

И иако не е на ТВ екраните, таа е актина на социјалните мрежи каде што знае да сподели некоја фотографија, „стори“, да покаже како го поминува времето или пак да се врати на некој спомен.

Милена на социјалните мрежи сподели сеќавање од нејзиното прво застанување пред камера во 2009 година. Таа е облечена во капут и капче на главата, а во описот на фотографијата пишува:

– 2009-та…ееее ова е моето прво застанување пред камера…Божеее колку изгубено изгледам хаххаха, ама оправдано:) Знам дека беше првиот пролетен ден и дека заврна снег, а најмногу се сеќавам на тоа дека имав трема и се тресев како никогаш дотогаш. Убави времиња.