Татјана Стојановска и денеска важи за едно од највпечатливите и најубавите ТВ-лица. Презентерката нејзината убавина ја истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992 година. Токму од тоа време е и оваа фотографија на која Стојановска има само 17 години.
„Мис Татјана-црномурно совршенство“, стои во насловот на тогашната ревија „Екран“.
Инаку, таа неодамна објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.
Татјана со синот Матеј кој има 21 година
Неодамна, презентерката која важи за една од најнегуваните кај нас, проговори за својот љубовен живот.
„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Со партнерот Михаил
Татјана и Благоја Грујовски се разделија во 2007 година. Тогаш изјавија дека решиле оти подобро ќе функционираат раздвоено и остануваат во пријатеслки односи.
„Откако вежбам многу се промени формата на моето тело, но и кондицијата. Порано бев многу понеподвижна и се чувствував уморно, но сега откако вежбам, во голема мера се чувствувам поенергично. Повремено спроведувам и одреден режим на исхрана со цел да намалам вишок на килограми“, раскажа за одржувањето на формата Татјана за Женски магазин.