Со студени радијатори и во студени домови а со повисоки сметки за парно греење. Дел од скопјани вака ги поминуваат божиќните празници откако топланата во Скопје Север запре со работа и ги изгаси котлите а корисиници на БЕГ од неколку населби тврдат дека парно греење имаат неколку часа пократко од предвиденото. Според жители на анселбите Аеродром и Центар вчервечер радијаторите биле струдени уште во 9 часот вечерта и останале така до 9 часот изутрина.
Она што е јасно е дека петстотини корисници на топланата Скопје Север ќе останат со ладни радијатори во своите домови и во наредните неколку дена, бидејќи нивниот снабдувач нема средства за да набави гас. Од топланата нема прецизен одговор кога точно повторно ќе ги вклучат котлите. Раководството апелираше до Општина Чаир да го подмири долгот кон нив но и да обезбеди финансиска поддршка и помош исто како што побараа и од Владата а се со цел да не трпаш штета нивните корисници.
„Поради енормното зголемување на цените на гас „Топлана Скопје Север“ работи со загуби и нема средства да набави гас за непречено снабдување на корисниците со топлинска енергија. Потребно е да се исплати заостанатиот долг за испорачаната топлинска енергија но и ангажман и помош од Владата и локалната власт за да се обезбедат средства за набавка на гас“, соопштија од Топлана Скопје Север.
БЕГ тврди дека системот е целосно во функција а топлинска енергија добиваат сите потрошувачи, без коментар околу тврдењата дека во домовите на нивните потрошувачи вчера и денес греењето порано се исклучувало а подоцна се вклучувало. Сите рекламации кои досега ги добиле се однесувале на поединечни станови или објекти а не на населби и нивните екипи излегле на терен.
„Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени Целзиусови. Доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем и имаат температура во домовите под 20 степени треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи“
Од Регулаторна пак соопштија дека според правилникот минималната температура која снабдувачите мора да ја обезбедат е 20 степени а треба да се испорачува во периодот од 6 часот наутро до 22 часот навечер. Граѓаните можат да поднесат приговор и во Комисијата доколку не се задоволни од услугите.
“Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º Ц во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот. Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена“, вели претседателот на РКЕ, Бислимовски.
Доколку снабдувачите со топлинска енергија добијат барање за повисока температура од минимум пропишаната должен е да постапи по барањето, информираат од Регулаторна.
Комисијата бара поголеми ингеренции преку измени во Законот за енергетика и прецизни надлежности за казнување и повисоки казни кога потрошувачите се оставени без парно греење во тек на грејна сезона.
Владата ги повика компаниите и локалните власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.
Огнен Чанчаревиќ