Тажната вест за прераното заминување на актерка Билјана Беличанец ја потресе Македонија овој викенд. Целата јавност остана во шок откако сите дознаа дека таа си го одземала својот живот. Со тој чин остави огромна празнина на театарската сцена.
Но, остави празнина и во животите на нејзините најблиски помеѓу кои е и ТВ водителката Бранка Костиќ која беше една од нејзините најдобри пријателки. Со многу емоции и тага таа се сеќава на Билјана Беличанец.
Актерката Јелена Жугиќ денеска присуствуваше на комеморацијата во чест на Билјана Беличанец, која се одржа во Драмски театар. Како што рече Жугиќ, Билјана била посветена актерка и целосно се вложувала во својата работа.
-Страшен професионалец. Доаѓаше два часа пред проба, вежбаше константно. Никогаш не беше задоволна од себе, секогаш копаше, копаше, се бореше. Голем губиток за македонската театарска сцена – изјави Жугиќ за медиумите.