Трајниот инвалидитет го стекнала при две последователни сообраќајни нес*еќи. Првата од возење со недозволена брзина, а втората додека Итната медицинска помош ја носела на Клиника во Скопје, ги удрил друг автомобил од спротивен правец.
Бранкица Димитровска, член и активист на здружението Хендикеп Плус, споделува дел од своите животни искуства, проблемите, предизвиците, секојдневието, во интервју за Точка таа вели:
Секогаш возете внимателно!
Како дојде до инвалидитет кај тебе?
– Се повредив на мои 18 години, далечната 1990 год. Во сообраќајна не*реќа. Поточно две сообрајќи. Првата од преголема брзина, поголема од дозволената, шоферот изгуби контрола над воланот. Втората кога амбулантното возило ме носеше како итен случај на Клиниките за Скопје, поточно од спротивниот правец, возило удри во амбулатнтото возило. Од таа сообраќајка, останав со траен инвалидитет. Тука апелирам:
Секогаш возете внимателно!
Со кои проблеми се соочуваше?
– Ми беше тешко да ја прифатам состојбата, одеднаш преку ноќ…Си бил здрав, утредента се будиш и ти соопштуваат дека не можеш повеќе да одиш..НИКОГАШ! Ми беше тешко да ја прифатам количката. Дополнително , во тој период почна онаа матна транзиција, кога фабриките ги затвораа. Татко ми беше прогласен за технолошки вишок, се чувствував како товар.. Но морав, морав да им олеснам и ним и себе си.. Решив да се рехабилитирам, да можам сама да функционирам. Вежбав напорно и ден и ноќ..Потење, вежби, потење, вежби така секој ден ..Почнав сама !!!
Колку е битно да се остане психички јак и како?
– А зошто мислите дека САМО лицата со попреченост треба да бидат психички јаки ? Тоа е можеби индивидуално. Или си јак или …? Но, мораш да се бориш ! Што е всушност животот ако не е борба ? Постојана борба. Не гледам дека поради мојата попреченост –само затоа треба да бидам јака и да додадам, не сакам луѓе покрај себе кои постојано се жалат на животот, а имаат се покрај себе ..Оптимизмот, насмевката ете тие ги сакам!
Кои беа оние пријатели кои останаа покрај тебе цело време?
– Да, со текот на времето, моите ..пријатели..само се ,,исфилтрираа“, а за да денес знам кој ми е вистински пријател. Денес ги бројам на прстите на една рака, оние искрените, вистинските. Но, најбитно имам брат кој многу ми помогна во почетокот, секогаш излегував со него и неговото друштво, за да денес од него имам прекрасни внучиња на кои се гордеам. Имам свој убав свет во кој секој ден си го правам се поубав покрај личноста што ја сакам.
Како е кај нас да си возач со инвалидитет?
– А како е да си здрав, да имаш возачка а да ти е страв да возиш? Не мислите дека тоа е поголем хендикеп од мојот? Јас уживам додека возам, едноставно уживам, до сега сменив три коли … МА И АВИОН ДА МИ ДАДАТ, ЌЕ ЛЕТАМ. Да, и лицата со попреченост плаќаат казни за брзо возење. Да, и тие треба да се внимателни возачи и да имаат сообраќајна култура.
Дали излегуваш, дали се забавуваш?
– Мислам дека и јас треба вас да ве прашам. Зошто секогаш вакви прашања поставуваат новинарите? Зарем мислите ние, вашите соседи, пријатели, сограѓани лица со попреченост не знаеме да се забавуваме? Зошто ви е тоа толку чудно? Секако дека се забавувам, па јас живеам најнормално. Секаде можете да ме сретнете, по кафулиња, ресторани, дискотеки.
Имаат ли лицата со посебни потреби подеднакви права како останатите?
– Секако дека ги имаме истите права. Но, во реалноста сме далеку од она што го тврдат властодржците. Се бориме со власта, која нема слух, само формално правно се залагаат, но реално-многу тешко. Се бориме за тие права. Понекогаш мислам дека државата како намерно да создава некој систем каде лицата со попреченост, сами се принудени да не излегуваат од своите домови. Знаете, јас велам, онаму каде што нема пристапност – таму не не сакаат..Едноставно е!
Кои права треба да им се овозможат и кои права им се ускратени?
– Скратија веќе стекнати права на лица, кои ги знам мои сограѓани, мои пријатели, слепи лица, за да денес бидат ставени во ситуација повторно да се изборат за тие права со преставки, со поомош на адвокати. Дали треба колективно да ја тужиме државата, бидејќи не ги почитува сите права произлезени од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост која истата од страна на Рапублика Македонија беше ратификувана уште во 2011? Па, дури и Комитетот УН за КПЛП, посочи дека државата не обезбедува доволно сретства за достоинствен живот ..И имам едно наградно прашање до власта-ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА СО 7000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО СЕ ЖИВЕЕ И КАКО? Револт голем лежи во мене, памтејќи ја изјавата на еден пратеник од Владејачката структура кој рече, цитирам:
„КЕ СЕ ИСПРУЖИТЕ КОЛКУ ВИ Е ДОЛГА ЧЕРГАТА“ .Нашата черга не дозволува да се испружиме туку стутукани онака прилегнуваме на нејзе.
НАМ НЕ НИ ТРЕБААТ РОНКИ. ЌЕ СЕ БОРИМЕ, БИДЕЈЌИ ЗАСЛУЖУВАМЕ СЕ!!!
Точка.мк