Браво хумани луѓе: Собрани се парите за лекување на малата Ина

|

Хуман народе, уште еднаш докажа дека се сплотуваш во најтешкото. Според информациите на порталот Курир за само еден ден по објавување на апелот за помош, собрани се парите кои беа потребни за лекување на малата Ина.

Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади.

Оваа мала убавица ја чека операција за отстранување на тум орот на мозокот кој и предизвикува епилеп тични напади.

Сега кога парите се собрани, броевите за донации се затворени.