Драган Спасов Дац сподели фотографија за неговото поимање на светот…
Можеме само да кажеме дека овој пост на Фејсбук е неброено пати поубав и почовечки од оние други кои се обидуваат да „кажат нешто што не го разбираат“…
Само љубов и разбирање ни се потребна… Впрочем кој од нас знае што е лицето наспроти нас – дали е христијанин, евреин, католик, муслиман – тоа не ни го пишува на лицето…
Можеме само да препознеме дали во нечии очи и насмевка има топлина…
И додека случувањето од пред два дена сеуште ни ги одзема мислите, а молитвите ги упатуваме кон оние на кои моментално им е најпотребна помош, актерот се сети на одличен начин да го прикаже моментот на соживот и човечност меѓу народите кај нас.
Ова е вистински момент за да се сетиме дека човек е човек, без разлика на тоа од која вера или националност е, а тоа најдобро го покажаа хероите од Ласкарци. Секоја чест!