Бред Пит го прашал Ди Каприо зошто Џек не се качил на вратата заедно со Роуз, еве што одговорил тој

ИЗВОРСкопје24
|

Иако од филмот се поминати 22 години, бројните обожаватели до ден-денес не можат да го преболат начинот на кој заминува Џек, ликот кој Леонардо ди Каприо го толкуваше во “Титаник”.

Некои дури и се обидувале да докажат дека Џек можел да се качи на вратата со Роуз и да преживее. Режисерот Џејмс Камерон пробал да им стави крај на ваквите расправии, раскажувајќи ја својата страна од приказната, но се чини дека тоа не му успеало бидејќи истото прашање било споменато и во неодамешното интервју со Леонардо ди Каприо.

Во текот на заедничкото интервју за “MTV”, Бред Пит го прашал актерот: “Зарем не можеше да се “стиснеш” со неа?”.

“Немам коментар”, одговорил Лео.

Со нив била и актерката Марго Роби која исто така имала прашање за актерот.

“Зарем не можеле да направат поголема врата?”, се запрашала таа.

“Немам коментар”, повторил Лео, смеејќи се.

Неговата колешка од филмот, Кејт Винслет која ја толкуваше Роуз, пред три години признала што мисли за таа сцена:

“Мислам дека и двајцата можевме да се качиме и да се спасиме”, признала Кејт во шоуто на Џими Кимел.