Бредли Купер и Лејди Гага не можеа да се одвојат еден од друг (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Откако не доби номинација за Оскар, кај фановите на Лејди Гага и пејачката пристигна уште едно разочарување – таа остана без наградата SAG за најдобра главна женска улога. Сепак, не беше сè толку лошо. Гага на доделувањето на наградите повторно се сретна со својот пријател и колега Бредли Купер.

Лејди Гага во оваа прилика остана верна на високата линија на италијанскиот моден маестро – блескаше во долг бел фустан со светкаво деколте со потписот „Armani Prive“, заедно со скапиот накит „Tiffany & Co“. Драматична шминка и чевли со гломазна платформа го изведоа овој софистициран тоалет од комфорната зона до неистражената трендовска територија.

Во еден момент се сретнала со Бредли Купер, нејзиниот пријател и голега во чиј римејк на филмот „Ѕвездата е родена“ глуми во 2018 година.

Медиумите тогаш шпекулираа дека Купер и Гага се во врска, а дека ја оставил долгогодишната партнерка Ирина Шајк токму поради Гага.

Ваквите гласини, по доделувањето на Оскарите во 2019 година, Гага остро ги демантираше, наведувајќи дека тие се само пријатели.

Гага и Купер ја поминаа речиси цела вечер заедно на доделувањето на SAG наградите.