Бреговиќ за почетокот на музичката кариера: Нема да ја работиш таа „циганска“ работа

ИЗВОРНов Лист
|

Горан Бреговиќ зборуваше за тоа како растел и како татко му не го поддржувал кога почнал да се занимава со музика. Работата еднаш ја нарекол „циганска“, што е и навреда за Ромите.

Тој изјавил дека неговите родители се раделиле кога бил мал и дека пораснал со мајка му. Тој се присети и на критиките на татко му кон него кога почнал да свири.

„Кога ги донесов дома првите пари од свирката, тој ми рече: „Претпоставувам дека нема да се занимаваш со тaa цигански работа“, а еве и денес сум во тој „цигански“ бизнис. Кога децата го сакаат најдоброто, веќе не сте сигурни што е тоа.

Дали е добро да им посакаме неколку безбедни, добро изгазени патеки? Претпоставувам дека сите родители го прават тоа на тој начин бидејќи премногу се плашат од непознатото. Затоа ќе ги поддржувам моите ќерки во се што ќе одлучат. Важно е да се создаде средина во која тие ќе растат како паметни деца, а потоа претпоставувам дека подоцна ќе сфатат што е најдобро за нив“, рече тој.

Тој додаде дека неговите ќерки се навикнати да биде „татко на службен пат“ и дека не им е премногу потребен.

„Она што го научив од животот е дека мајките се неопходни за децата, а татковците не знаат точно за што служат, но гледам дека служат за нешто. Јас тоа сè уште не сум го утврдил“, рече тој.

Бреговиќ и поранешниот модел Џенан Суџук веќе 29 години уживаат во хармоничен брак. Музичарот ги советува сите да се венчаат. На крајот рече дека музиката помага кога зборовите не успеваат.