Иако во семејството Живојиновиќ сите се среќни поради тоа што Филип и Александра Пријовиќ го добија синот Александар, Лепа Брена, сепак чека некој од нејзините синови да и подари внук. Пејачката веќе не сака да крие дека едвај чека да стане баба, а најголем притисок му прави на синот Стефан кој неодамна купи луксузен стан на кредит.
Неодамна му рече дека му е подобро да се ожени и да направи дете ако сака да му помогне околу исплатата на кредит за станот кој го купи. Што се вели го уцени, но Стефан на тоа не дава многу значење затоа што знае дека Брена само се шегува со него – открил извор близок до семејството Живојиновиќ.
Лепа Брена пред камерите секогаш е средена, а кога ќе се исклучат рефлекторите е обична жена, мајка, сопруга, пријателка…. Нејзиниот син Виктор Живојиновиќ деновиве ја сними во едно сосема опуштено издание.
Имено, Виктор ја сними Брена како седи, а еден детаљ посебно го забележа.
На видео снимката Брена седи замотена во ќебе, а на нозете носи пупичи.
„Што е ова?“ напиша Живојиновиќ.
Викендов пејачката инаку имаше концерт во Бањалука каде што направи хаос. Таа на сцената се појавила во бел фустан со длабоко деколте. Нејзините фанови ја „опсипаа“ со коментари под објавата.
За фолк пејачката Лепа Брена важи правилото – „годините се само бројка“ или она „таа е како виното, колку постара, толку поубава“.