Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, слават 30 години брак.
По тој повод Брена се огласи на својот Инстаграм каде сподели краток филм направен од најубавите кадри, почнувајќи од нивната спектакуларна венчавка.
Нивната венчавка беше наречена „свадба на векот“, а некои детали од гала прославата се уште ја интересираат јавноста.
“Заљубувањето е хормонална состојба и треба да се користи до крај. А љубовта никогаш не треба да се троши. Тие две работи треба да се разликуваат, а ние тоа го научивме. Затоа и траеме толку долго”, напишала Брена со видеото.
Кога го запознав Бобa, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека како мене нема многу време за губење, бидејќи тогаш нашите кариери беа во својот зенит. Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се запознавме по премиерите од првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатите. Нè претстави Рака Ѓокиќ. Рака влезе со Бобa и не запозна“, рече Брена за љубовната врска со Живојиновиќ.
Инаку, двајцата во брак добија два сина Стефан и Виктор, додека Боба од првиот брак со Зорица Накиќ го има синот Филип.