Брена остави се и замина во Канада: Го доживувам она што ми недостигаше цел живот

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена отпатува во Канада, каде ќе остане скоро еден месец. Повод на патувањето на пејачката е од приватна природа и целото време на американскиот континент, Брена ќе го помине со родената сестра Факета Стојановиќ, внуката Мајда и нејзиното семејство на начин кој не го практикувала досега.

Уживам со целото битие, бидејќи сум со најмилите. Полно ми е срцето што исполинив нешто што со години посакував. Легнуваме рано и се будиме рано со излегување на сонцето, кој е извор на животот. Доживувам нешто што цел живот ми недостигаше. Дојде време себеси да си пружам задоволство кое изминативе години поради кариерата и децата не можев да си го дозволам. Можеби за некого тоа не е ништо посебно, но за мене, која тоа го сакав со години, тоа е драгоцена работа- рекла Брена.