Лепа Брена објави фотографија од Мајами и ги воодушеви своите фанови. Се работи за луксузна вила која има 400 квадрати и се наоѓа на самото море.
Брена и сопругот Боба се доста познати личности за соседите кои се до нив, а се проценува дека одржувањето на оваа вила месечно ги чини 2.000 долари.
Среќниот пар неодамна прослави 28 години брак, а сеуште изгледаат заљубени како и првиот ден. Дека постојано се некаде и во движење говорат фотографиите кои ги објавија пред само некој ден, кога по повод Денот на вљубените, парот замина во Црна Гора и уживаа на романтичен начин на дожд.
Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.
За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.