Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, има нова девојка која изгледа како двојничка на неговата мајка.
Станува збор за актерката Фиби Торенс, а кога велиме двојничка, буквално и го мислиме тоа бидејќи Фиби снимала кампањи во своите манекенски почетоци токму како Викторија Бекам.
“Со парите од тие проекти успеала да си го плати школувањето”, велат познаниците на парот за “The Sun”.
“Од одредени агли морничаво личи на Викторија. Некои пријатели веќе се шегувале со него на таа тема, но Бруклин ги отфрла сите тврдења за сличноста”, велат познаниците. Не им било потребно многу време на британските таблоиди да започнат да го споменуваат Едиповиот комплекс…
Оваа 20-годишна убавица има околу 39 илјади следбеници на Инстаграм, а доволен е само еден поглед на нејзините фотографии за да се воочи неверојатната сличност помеѓу неа и можеби идната свекрва.