Британците извлекоа политички лекции слушајќи ја „Proud“?!

ИЗВОРСкопје24
|

Британскиот медиумски сервис Би-би-си се осврна на евровизискиот настап на Тамара во написот насловен „Пет лекции научени од Евровизија 2019“.

– Под условите на новиот договор постигнат со Грција минатата година, на државата претходно позната како Поранешната Југословенска Република Македонија, и беше дозволено да си даде ново име. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска, многу повеќе луѓе низ светот знаат дека името е Северна Македонија – се наведува во анализата на Би-би-си.

Уметничката вредност на „Евровизија“ секогаш е дискутабилна, но таа без сомнение служи за зголемување на светското знаење по географија. Имајќи го тоа в предвид, повеќето луѓе уште не знаат да го пронајдат Сан Марино на географска карта, заклучува британскиот медиумски сервис.

Слични написи по повод „Евровизија“, под насловот „Зошто Македонија се нарекува Северна Македонија?“ имаа и британските весници „Мирор“и „Експрес“.