Британски милионер бара сопруга – Идната невеста треба да исполни 8 критериуми

ИЗВОРНов лист
|

Бизнисменот Енди Скот (41) од Портсмут, кој ,,тежи” 25 милиони фунти, објави дека бара жена, но неговата љубов не е лесно да се добие.

„Тешко е да се најде соодветен партнер кога животот ви оди добро. Јас барам некој еднаков со мене. Не е лесно да се најде личност која е финансиски независна, но сепак може да оди на едрење или да го помине летото на југот на Франција на краток рок”, изјави тој за Дејли Меил.

Ако сакате да го освоите срцето на Енди, треба да ги исполните овие осум услови.

1. Мора да се работи за интелигентна, посебна и уникатна личност која не се сфаќа премногу сериозно и живеела интересен живот со многу искуства и која постигнала нешто во животот.

2. Да не е родена богата и не и дадено богатството на послужавник, туку да е борец како мене.

3. Мора да биде убава и да спортува затоа што вежбам пет пати неделно, мора да биде горда на својот изглед.

4. Не смее да биде зависна од мобилни и социјални мрежи, туку мора да ги цени основните работи во животот.

5. Мора да биде искрена, довербата е сè.

6. Мора да може да се прилагоди на секоја ситуација, од посета на гламурозна забава и да биде во центарот на вниманието.

7. Мора да ужива во природата и близу до вода. Идеално е да биде во состојба да помине неколку дена на едрење без да се пожали. Некој кој е среќен само во бикини и апостолки без шминка и мобилни телефони.

8. Мора да сака деца и да биде подготвена да се смири, но исто така да биде свесна дека животот не завршува кога имате дете и дека сè уште може да патуваме и да се забавуваме заедно.

Последната девојка на Енди беше Лиз Мекларнон од бендот Atomic Kitten. Тие беа заедно две години, и раскинаа затоа што таа не сакала да лета со авион.

„Ние сме сè уште добри пријатели и таа е прекрасна девојка, но јас сум авантурист и сакам да ризикувам“, откри Енди.