Бритни не сака да се врати на работа откако и беше прекинато старателството: Се плашам од луѓе

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Бритн и Спирс навести дека не е подготвена да и се врати на музичката кариера по 13 години старателство, не може сама да носи деловни одлуки, а истакна дека се плаши од шоу-бизнисот.

Спирс, која беше ослободена од старателството на нејзиниот татко минатиот месец, во опширната објава на Инстаграм во понеделникот рече дека во 2022 година сака „да напредува и да прави работи што ја плашат, но не до тој степен“.

„Претпоставувам дека на повеќето им изгледа чудно што веќе не правам музика… Луѓето немаат поим какви работи ми направија лично. После се што поминав, се плашам од луѓето и (таа) работа!!!“ напиша Бритни, која последен пат се појави во јавноста во октомври 2018 година.

„Со тоа што не ги изведувам моите песни, велам: „Ќе се случи.“ Во смисла дека занемарувањето на мојата вистинска работа е само од корист на моето семејство. Како потсвесно да им дозволив да победат“, додаде таа.

Спирс, која е свршена со Сем, претходно оваа година му се пожали на судијата задолжен за нејзиниот случај дека ја контролирал нејзиниот татко, кој наместо неа донесувал деловни одлуки.

На Џејми Спирс му беше одземено старателството на Бритни во септември. Тој изјавил дека неговата единствена цел била да и помогне на ќерка си да ја обнови кариерата откако доживеала психички слом во 2007 година и дека секогаш одлучувал во нејзин интерес.