Бритни Спирс повторно го именуваше семејството, овој пат на нејзиниот роденден

ИЗВОРНов Лист
|

Со неколку фотографии на Инстаграм и јасна порака што му ја испрати на семејството, поп ѕвездата Бритни Спирс вчера го прослави својот четириесетти роденден.

Имено, Бритни објави серија фотографии на кои позира пред новогодишна елка. Во збунувачки пост напиша дека нема четириесет, туку четири.

„Не полнам четириесет… полнам четири години и ако некој од вас не слушнал… Направив речиси 250 настапи во Лас Вегас за четири години и излегов само двапати. Затоа мислам дека сега ќе морам да носам само кратки фустанчиња до крајот на мојот живот за да го надокнадам она што го направив за моето семејство и да заработам пари, пеејќи само стари хитови по пат“, напиша Бритни меѓу други работи.

Да потсетиме, старателството на Џејми Спирс 13 години над неговата ќерка, пејачката Бритни Спирс, беше прекинато на 12 ноември оваа година, според одлуката на судијката Бренда Пени во Лос Анџелес.

Со новата одлука на судот, Бритни си го врати правото да одлучува за сопствениот имот и финансии.