Бројката на новозаразени се зголемува, но има и четворица излечени пацинети

ИЗВОРНов лист
|

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на болеста. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во: Скопје – 284, Куманово – 168, Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18, Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –6, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања.

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш потоа Министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со болеста во земјата.

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот.