Бројката на новозаразени значително се намали – Расте бројот на излекувани пациенти

|

Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.

Потврдени се 7 нови случаи и со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи. По градови:
– Куманово – 2
– Тетово – 3
– Кочани – 2

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1231.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста.
Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања.

Повеќе информации прочитајте на Фејсбук профилот на министерот за здравство Венко Филипче.