Бројката рапидно расте: 22 нови случаи на коронавирусот во Македонија

ИЗВОРНов лист
|

Во последниве 24 часа во Македонија регистрирани се 22 нови случаи на коронавирусот во Македонија, и како што веќе објавивме за жал го имаме и вториот смртен случај. Со ова вкупната бројка се зголеми на 136 заболени лица.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.“ – соопшти министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.