Tамара Тодевска во утрешното евровизиско финале ќе настапи под редниот број осум. Ова ќе биде прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување по цели шест години и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.
– Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – ни изјави Тамара од Тел Авив.
Нашата претставничка синоќа ја имаше честа да ја отвори победничката прес-конференција по одржаната втора полуфинална вечер.
– Најдобриот момент е што пораката ја пренесовме на добар начин. Така што мојата работа ја завршив многу добро – изјави, меѓу другото, Тодевска пред присутните новинари.
Тамара ќе пее пред Мадона во финалето на Евровизија
Иако беше неизвесно дали кралицата на попот ќе се појави во финалната евровизиска вечер во Израел -Тел Авив, дилемата е тргната, а тоа го потврди и самата на социјалните мрежи.
Мадона веќе ја имаше првата проба од која објави неколку снимки и фотографии на Инстаграм, а со тоа откри како ќе изгледа нејзиното шоу.
Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи папарациет да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.
По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено, а пак опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.
Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни вокали, 25 танчари, а останатите се техничари. Поголемиот број на парични средства за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас.
Претходно Мадона изјави дека прифатила да настапува во Тел Авив и дека никогаш нема да престане да настапува ширум светот заради нечии политички агенди, но и дека нема да престане да зборува за кршењето на човековите права каде и да е.
По цели седум години пауза, Македонија ќе има претставник во финалето на Евровизија. Тоа ѝ успеа на Тамара Тодевска со беспрекорната изведба на песната „Горда“ во втората полуфинална вечер во Тел Авив.
Тамара настапи претпоследна, но неизвесноста траеше кратко откако името на Северна Македонија беше прочитано прво при објавувањето на резултатите. Освен Македонија, во саботното финале продолжуваат и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. На првото полуфинале одржано во вторникот за финале се изборија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Загарантирано место во финалето имаа Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и домаќинот Израел.
Последниот македонски финалист на Евровизија беше Калиопи, која во 2012 година настапи со песната „Црно и бело“. Тамара по вторпат учествува на Евровизија, но во 2008 година во Белград настапи заедно со Врчак и Адријан Гаџа. Финалето е в сабота од 21 часот, а специјална гостинка ќе биде поп кралицата Мадона, која ќе отпее две песни, од кои една од се уште неиздадениот нов албум.