„На син ми хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот…“ Мајка од Австралија стана вирален хит со нејзината брутално искрена порака до училиштето со објаснување зошто нејзиниот син доцни на училиште.
Сузан отворено кажува дека причината е мрзеливоста на нејзиниот 13-годишен син.
Нејзината порака гласи:
„Задоцни затоа што тој е зборлесто речиси 14-годишно момче, на кое хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот, мрмори наместо да зборува, минува 20 минути во тушот само стоејќи бесцелно, се движи со брзина на полжав и не може да си ги најде чорапите иако му се пред очи.“ Многу мајки ширум светот кои имаат синови на таа возраст се согласија со Сузан дека е навистина тешко да ги извлечете од кревет за да одат на училиште.
Дали и вие познавате некој ваков случај?