Еден од најпопуларните актери на сите времиња, Брус Вилис, неодамна се повлече од сцената поради здравствени причини.
Блиските пријатели на Брус Вилис потврдија дека тој решил целосно да се повлече од јавната сцена поради нарушување на меморијата, афазија, која неодамна му беше дијагностицирана.
Светските медиуми пренесуваат дека тој бил свесен за својата состојба и затоа решил да го продаде целиот свој имот. Неговите колеги, пријатели и роднини биле шокирани од неговата одлука.
Извор близок до популарниот актер вели дека за овој момент се подготвувал долго време. Знаеше дека неговото здравје ќе се влоши и дека ќе дојде момент кога неговата заработка нема да биде толку голема како порано. Затоа решил да го продаде имотот вреден дури 65 милиони долари.
Знаел и дека нема да му требаат бројни имоти и станови и дека наместо тоа ќе мора да живее во безбедна семејна средина.
Во 2018 година, актерот продаде луксузен пентхаус во Њујорк, а потоа и имот на островите Туркс и Каикос.
Да потсетиме, семејството на Вилис на почетокот на април објави дека познатиот актер има здравствени проблеми, односно дека му била дијагностицирана афазија, која влијае на неговата комуникација, говор и меморија.